Португалија, Франција и Белгија и официјално на ЕП! (Видео)

Три репрезентации вечерва и се придружија на Германија како сигурни учеснички на Европското првенство. Се работи за репрезентациите на Португалија, Франција и Белгија, кои и теоретски си го обезбедија пласманот на континенталниот собир следната година.

Франција со два гола на Килијан Мбапе, по еден во двете полувремиња стигна до победа од 2-1 во Амстердам против Холандија и го чекираше својот билет за европското во Германија. Домашните само го ублажија поразот преку Хартман во финишот од мечот.

Португалија многу потешко од очекувањата дојде до минимална победа над Словачка од 3-2. Гонсало Рамос стрелаше еднаш, додека два погодоци постигна Кристијано Роналдо. Така Португалија стигна до +8 бодови од второпласираната Словачка и +10 од третиот Луксембург и го визираше пласманот на континенталниот собир.

И репрезентацијата на Белгија во директен дуел со најголемиот конкурент Австрија и тоа на гости дојде до пласманот на Европското првенство. Белгијците победија со 2-3 со двата погодоци на Лукебакио и едниот на Лукаку и дојдоа на +10 од третопласираната Шведска која треба да одигра уште три натпревари до крајот на квалификациите.

Резултати:

Австрија – Белгија 2-3
Исланд – Луксембург 1-1
Ирска – Грција 0-2
Лихтенштајн – Босна и Херцеговина 0-2
Холандија – Франција 1-2
Португалија – Словачка 3-2
Естонија – Азербејџан 0-2

- Оглас -

Најнови вести