Португалски тенисер настапува на ЗОИ во Пекинг – во алпско скијање!

Португалија на Зимските олимписки игри во Пекинг ја претставуваат само тројца спортисти, а најнеобичен од нив е Рикардо Брансал, кој ја претставува својата земја во алпско скијање.

Брансал кој има 25 години, до неодамна играше на фјучрс тениски турнири, а потоа донесе одлука да го смени спортот и стана скијач.

На официјалната страница на ИТФ, уште постои профил на Брансал со листа на тениски турнири на кои што играл. Сите турнири се во Португалија, а последен тениски меч играл на 30-ти октомври 2019 година.

Љубовта кон скијањето е стара, тој од четири години знае да скија, па тоа пресуди сепак да се реши за спортот на снег, а не за „белиот спорт“.

- Оглас -

Најнови вести