Поседот на топката за Арсенал, бодовите ги освои Шефилд јунајтед

Арсенал ја имаше иницијативата и поседот на топката во голем процент, но бодовите ги освои Шефилд јунајтед со голот на Лис Мусет во 30-тата минута.

Домаќините одиграа одлично прво полувреме и го капитализираа со водечки погодок. Во продолжението Арсенал имаше комплетна доминација и посед на топката од 70 проценти, но не успеа да постигне гол и да се избори барем за реми.

Ова е втор пораз за популарните Топчии и трета победа за Шефилд, екипа која е непоразена на последните четири натпревари.

Арсенал не успеа да се врати на третата позиција и сега е петти со 15 бодови, а Шефилд напредуваше до деветтото место со 12 бода.

Во истиот термин во Италија, Бреша и Фиорентина одиграа меч без голови во последниот натпревар од осмото коло во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести