После 20 години Буфон повторно бранеше за Парма, но не се прослави (Видео)

Пред повеќе од 25 години, Џанлуиџи Буфон се појави во италијанскиот фудбал и тоа како голман на Парма. Тогаш 17-годишниот талентиран чувар на мрежата доби шанса да го покаже својот квалитет и сега уште е на фудбалската сцена.

Буфон од Парма си замина во 2001 година, за да помине 19 години во Јувентус и една сезона во ПСЖ. По точно две децении, Буфон се врати во својот матичен клуб и бранеше во првенствен меч. Парма минатата сезона испадна од Серија А, но на Џиџи не му пречеше да биде на голот на второлигаш.

Парма синоќа гостуваше кај Фросиноне и одигра 2:2, а тимот на Буфон може да жали што не ги освои трите бода. Гостите имаа предност од 2:1 до 89 минута, кога домаќините по еден удар со глава стигнаа до 2:2. Шутот со глава не беше толку опасен и Буфон од најдобрите денови сигурно лесно ќе го скротеше, но сега, на 43 години, Буфон едноставно трчаше да ја стигне топката да не влезе во голот и не успеа.

https://youtu.be/twG3jWxU2kI

 

- Оглас -

Најнови вести