После 31 кола, имаат 0 бодови и гол-разлика минус 90

Турскиот Карабукспор е уште еден од низата клубови кои многу лошо го доживуваат испаѓањето во понизок ранг, а ова што му се случува сезонава на тимот од градот на брегот на Црното море, е благо кажано катастрофа.

Карабукспор во минатата сезона беше во турската Суперлига и се натпреваруваше со Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ, Трабзонспор и останатите, но испадна (имаа 28 порази и по три победи и ремија, со гол-разлика минус 66), и на клубот му се случи колапс.

Сега и во втората турска лига се убедливо последни, и тоа со неверојатно слаби резултати. После 31 кола, имаат нула бодови, и гол-разлика 9-99. Имаат три нерешени и 28 порази, но поради казната од три бода, во моментов се на нула. Којзнае какви резултати ќе бележат следна сезона во трета лига?

- Оглас -

Најнови вести