По 4 месеци и 18 дена пауза продолжува НБА-лигата, Милвоки и Лос Анџелес фаворити за титулата

Љубителите на кошарката се на готовс, вечерва по полноќ ќе се одиграат првите официјални натпревари од НБА-лигата по паузата од четири месеци и 18 дена. Први мечеви се Њу Орлеанс пеликанс – Јута џез во 30 минути по полноќ, и градското дерби Лејкерс – Клиперс во 3 часот ноќта четврток кон петок.

Најсилната кошаркарска лига на светот беше прекината кога стигна веста дека центарот на Јута џез, Руди Гобер, е позитивен на корона-вирусот.

Завршницата на сезонава ќе биде многу поинаква од вообичаените. Наместо 30, ќе играат 22 тима, мечевите ќе се играат на едно исто место, во „Светот на Дизни“ во Орландо, и нема да има публика. Исто останува тоа што во плејофот ќе се игра во четири добиени средби и во разигрувањето ќе играат осумте најдобри тимови од двете конференции. Секој тим ќе одигра по осум меча од регуларната сезона, а може да се случи и за првпат да има бараж за осмото место. Регуларната сезона завршува на 14 август.

Доста работи се сменија за време на паузата, а освен пандемијата, новост е и движењето Black Lives Matter (важни се животите и на црнците), па многу црни кошаркари, кои се мнозинство во лигата, на своите дресови наместо презиме, ќе имаат антирасистичка порака.

Паузата им помогна на некои тимови кои имаа повредени играчи, а за некои, како Лејкерс, избришана им е предноста на домашен терен што ќе ја имаа ако сè беше нормално.

Според квотите во Sport Life, прв кандидат за освојување на титулата е Милвоки бакс. Коефициентот за титула на Елените е 3.45. Потоа следуваат ЛА лејкерс со 3.65 и ЛА клиперс со 4.10. Следуваат Хјустон и Бостон со по 15, Торонто и Филаделфија со по 25, итн. Најмали шанси им се даваат на Феникс, Сакраменто и Сан Антонио, за кои квотата е дури 700, но со оглед на табелата на Западот, за овие три тима и пласман во плејофот би било изненадување.

- Оглас -

Најнови вести