После Ливерпул, дома загуби и Арсенал, сега Манчестер сити е најблиску до титулата во Англија!

Прекрасен ден за Манчестер сити, после Ливерпул, дома загуби и Арсенал, па сега Граѓаните имаат два бода предност пред двата ривали во трката за титулата, а Сити има и најлесен распоред во последните шест кола до крајот на сезоната, па најблиску е до трофејот.

Топчиите во Лондон се поразени од Астон Вила со 0-2, Бејли и Воткинс дадоа голови 84-та односно 87-ма минута, уништувајќи го сонот на Арсенал за титула. Малкумина се тие кои веруваат дека Сити може да киксне до крајот на сезоната, но ова е фудбал и чуда се случуваат, па за Ливерпул и Арсенал не е завршена трката, иако сега шансите им се значително помали.

Ова е голот на Оли Воткинс за 2-0 и шок и разочарување на „Емирејтс“, а чекор напред на Вила кон пласман во местата кои водат во Лигата на шампионите:

- Оглас -

Најнови вести