По осум месеци во Интер, Ериксен се враќа во Тотенхем?

Тотенхем би можелo да си го врати во своите редови данскиот фудбалер Кристијан Ериксен. Ериксен потпиша за Интер само пред осум месеци, но плејмејкерот не се наметна кај тренерот Антонио Конте и сега Нераѕурите ќе се обидат да го продадат, најавуваат италијанските медиуми. Наводно Тотенхем бил заинтересиран да го купи за 20 милиони, откако во јануари се ослободи од него за 27 милиони евра.

Ериксен, кој има 28 години, е играч по вкусот на Жозе Мурињо, а и по евентуалниот камбек, не би му требало време за прилагодување бидејќи ќе дојде во добро позната средина во која беше седум сезони.

Ако се врати во Тотенхем, Ериксен би можело да заигра на 17 септември против Локомотив Пловдив. Можна е и трампа на Интер и лондонските Петли, ако Тотенхем го испрати во Милано својот играч Танги Ндомбеле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести