По цели 55 години, овој клуб ќе го нема во европските купови

Белгиски Андерлехт за првпат во последните 55 години нема да учествува во некој од европските купови.

Во последното коло од белгискиот шампионат, Андерлехт загуби од Гент со 1-2 и остана на шестото место на конечната табела, и тоа значи дека клубот во следната сезона нема да настапува во европските купови.

Последен пат, една сезона во еврокуповите без Андерлехт беше далечната 1963/64. Сезонава шампион на Белгија стана Генк, кој оди во групите од ЛШ, а втор е Бриж, кој ќе игра квалификации за ЛШ. Во групите од Лигата на Европа влегува Стандард Лиеж, додека Антверпен и Гент ќе играат квалификации за ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести