По пауза од неколку години, вечерва играч со македонски пасош ќе заигра во Евролигата

Американскиот бек со македонски пасош, Џордан Теодор, потпиша договор со Басконија и вечерва би можело да заигра во кошаркарската Евролига на дуелот со Валенсија.

Теодор во 2017 година доби македонско државјанство, одигра и неколку меча за нашиот национален тим во времето кога селектор беше Јорданчо Давитков, но не ги оправда очекувањата, а и ја расипуваше атмосферата во тимот, па веќе никогаш повторно не беше повикуван да игра за нашата репрезентација.

Теодор, кој е добар играч, но со проблематичен карактер, и сега направи мал скандал откако добил понуда од Басконија, престанал да тренира и веднаш си заминал од францускиот Метрополитан, оставајќи го својот досегашен клуб на цедило.

Неколку години немало македонски играч во Евролигата, макар и од оние натурализираните, кои играле за нашата репрезентација, па и ова е некаков чекор кон враќање на македонската кошарка на евролигашката мапа.

- Оглас -

Најнови вести