После трансферот во Саудиска Арабија, Канте си купи фудбалски клуб од Белгија

Само неколку недели после трансферот од Челзи во Ал Итихад каде за три години ќе заработи 100 милиони долари, францускиот фудбалер Н’Голо Канте реши да инвестира дел од заработените пари во купувањето на фудбалски клуб од Белгија.

Канте и неговите партнери се нови сопственици на третолигашот Ројал Екселсиор Виртон. Клубот Виртон сезонава играше во Втората белгиска дивизија, но испадна во трета.

Не се знае цената по која Канте го добил контролниот пакет акции на клубот. Најавите се дека Канте ќе се обиде да го консолидира клубот и оживување на неговата традиција.

- Оглас -

Најнови вести