По три лекции се откажав од учење холандски јазик

Тренерот на холандскиот прволигаш Витесе, Леонид Слуцки, призна дека веќе не се ни обидува да го изучи холандскиот јазик и дека се откажал уште при третата лекција. Русинот пред една и пол година седна на клупата на Витесе.
„На третиот час стана збор за изучување на броевите. Во Русија и Англија се вика шеесет и пет, а во Холандија пет и шест десетки. Тоа го уништи мојот стар руски мозок. Затоа си реков, благодарам, доволно ми е. Пред две години не зборував ниту англиски. Ми требаше доста време да го научам. На моја возраст не е лесно да се учи нов јазик”, рече искрениот 48-годишен стручњак.
Слуцки даде интересен одговор и на прашањето кое му е омилено место во градот Арнхајм, каде што живее во изнајмен апартман.
„Омилено место ми е каучот. Мрзелив сум. Ако може да бирам дали да стојам или да седам, претпочитам да седнам. А, ако може да легнам, уште подобро тоа отколку да седам“, рече духовитиот Слуцки со насмевка на лицето.
- Оглас -

Најнови вести