После ваков кикс голманот може да се откаже од бранење (Видео)

Мечот од азиската Лига на шампиони меѓу Јохор од Малезија и кинески Гуангжу донесе еден комичен автогол на голманот Липан Хеа. Младиот 21-годишен чувар на мрежата доби шанса да брани, но не се прослави и прими еден од најбизарните голови.

Тој си даде автогол и тоа откако успеа да го одбрани ударот на противникот. Кога одбрани, топката се одби во воздух, а кога голманот требаше само да ја фати топката во своите раце, таа му падна и заврши во неговата мрежа.

Тој погодок беше за 2:0 за Јохор, а тимот од Малезија на крајот победи убедливо со 5:0.

- Оглас -

Најнови вести