Последен тренинг пред Бугарија: да се поправи реализацијата, со навивачите заедно до победа (Фото)

Македонските фудбалски репрезентативци тренираат на Арената „Тодор Проески“ во пресрет на утрешниот дуел со Бугарија од Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата спомна дека теренот е во лоша состојба, а во тоа можеа да се уверат и фудбалерите на кои ова нема да им биде првпат да играат во вакви услови.

Атмосферата во тимот е добра, играчите се желни за победа со која би се чувствувале подобро после поразот во Грузија, каде играа добро, а фалеше реализација.

Нападот можеби ќе профункциоинира утревечер кога Црвено-жолтите ќе имаат ветер во грб од илјадниците навивачи.

- Оглас -

Најнови вести