Последниот фудбалски боем на 35 години беше прв стрелец во Серија А, а пушеше и пиеше

Дарио Хубнер е познато фудбалско им, кое кај малку постарите љубители на Серија А буди убави сеќавања. Дарио пушеше по една кутија „Марлборо“ на ден, палеше по некоја и на полувреме во соблекувална, но тоа не го спречи во сезоната 2001/02, кога играше за Пјаченца, заедно со Давид Трезеге да биде прв стрелец на Серија А.

Зад Хубнер се најдоа великани како: Виери, Дел Пјеро, Шевченко, Креспо, Монтела, Тони, Батистута, Инѕаги… Хубнер е еден од само двајцата во историјата на италијанскиот фудбал кои биле први стрелци во Серија А, Серија Б и Серија Ц.

Хубнер во кариерата даде над 300 гола, половината од тие му беа за Чезена и Бреша.

Во 2002, откако стана прв стрелец во Италија, јавноста притискаше врз селекторот Трапатони да го викне на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија, но тоа не се случи и Трап им даде предност на Инѕаги, Дел Пјеро, Тоти, Виери, Монтела и Дел Векио. За време на подготовките, Италија играше контролен меч против Милан, а за Росонерите беше повикан да игра и Хубнер, кој бил и на своевидна проба.

Тренерот Анчелоти сакал да го викне Хубнер да се подготви да влезе, но не можел да го најде. Тогаш голманот Абијати му покажал кон тоалетот и кога Карло ја отворил вратата, го затекнал Дарио како пие пиво и пуши цигара. Анчелоти се чудел, а Хубнер му рекол дека без цигари и пиво не може да се опушти на теренот и дека не е заинтересиран да добие договор од Милан. На крајот упатил едно прашање до Анчелоти: Сакате цигара?

Тоа беше Дарио Хубнер, во Италија познат по прекарот Бизон. Кариерата ја заврши во 2011 година, кога имаше 44 години.

- Оглас -

Најнови вести