Последниот меч на Федерер ќе биде во двојки, сака дубл партнер да му биде Надал!

Роџер Федерер чувствува дека во неговите нозе веќе нема сила за квалитетно претставување во сингл, па на Лејвер купот, кој почнува за три дена во Лондон, ќе настапи само во дубл.

Според швајцарските медиуми, простувањето на Федерер најверојатно ќе биде на меч в петок, на кој тој ќе игра во тандем со Рафаел Надал. Федерер и Надал играа заедно во двојки на Лејвер купот и во 2017 година.

Капитен на тимот на Европа е Бјорн Борг заедно со Томас Енквист, па шведската легенда треба да одлучи дали ќе му ја исполни желбата на Роџер, последниот меч во кариерата да му биде како дубл партнер на Надал.

- Оглас -

Најнови вести