Последниот меч од тикетот му скрати радост вредна 200.000 денари

Игра на која квотите во Sport Life се одлични, за малку ќе донесеше голема радост во Битола. На тикет уплатен во неделата, има пет меча со иста тактика, еден од двата одбрани тима да постигнат 2-3 погодоци во првото полувреме.

Тикетот е уплатен на 50 денари, а бруто-добивката е 228.978 денари, односно само со пет одиграни мечеви, вкупниот коефицинет е дури 4.579.

Арсенал без многу проблеми постигна два гола уште во првите 30 минути на гостувањето кај Брендфорд. И Реал Сосиедад за помалку од 30 минути постигна два погодоци против Еспањол за добитен коефициент од 6.25.

Во дербито во Холандија, ПСВ на свој терен во Ајндховен со 4:3 го победи Феенорд во меч на кој на полувреме резултатот беше 2:2. Тука беше потребно ПСВ да постигне два гола во првиот дел, а тоа беше веќе направено до 25-тата минута.

Лацио на гости немаше милост против Кремонезе и уште во првото полувреме постигна три гола, во дуел кој на крајот заврши со победа од 4:0 за тимот од Рим.

Последен меч на тикетот е Риека – Шибеник од хрватското првенство и тука играта било домаќините да постигнат два до три гола во првиот дел. Риека даде гол во 43-тата минута, кој беше поништен по реакција од ВАР и резултатот остана 0:0 не само на полувреме, туку и на крајот.

Токму овој меч во Риека е причина за тикетот уплатен во Битола да не е добитен за нето добивка од 194.639 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести