Последниот одбранет пенал на Де Хеа (Видео)

Давид де Хеа е трагичарот на Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на Европа. Голманот на Манчестер јунајтед не само што не успеа да одбрани ниту еден од 11-те шутнати пенали, тој беше и единствениот што промаши во пенал-рулетот, па Црвените ѓаволи загубија и останаа без посакуваниот пехар.

Шпанскиот голман важи за еден од најдобрите, но кога се работи за одбранети пенали, тој е можеби и најлошиот голман во светот. Статистичарите пресметаа дека Де Хеа има примено 40 пенали во низа, односно ниеднаш не успеал да одбрани. Според пресметките, тоа да му се случи на еден просечен голман, шансите за такво нешто се 0,04 отсто, но на Де Хеа токму тоа му се случи.

Последниот одбранет пенал на Де Хеа е пред повеќе од пет години. Тоа беше во полуфиналето од ФА Купот кога Манчестер јунајтед играше против Евертон. Беше досуден пенал за Карамелите, а Ромелу Лукаку ја превзема одговорноста да шутира. Тогашниот голгетер на Евертон шутираше, а Де Хеа одбрани.

Пет години подоцна, Лукаку на Интер му ја донесе титулата во Серија А, а Де Хеа 40 пенали по ред не може да одбрани.

- Оглас -

Најнови вести