Последниот пат кога ПСЖ дома загуби со 0-4, Покетино беше на терен

Барселона пред четири години го направи еден од најпознатите пресврти во поновата историја на Лигата на шампионите, кога надомести негатива од 0-4 против ПСЖ, а каталонците во слична ситуација против истиот противник се и сега. Барса дома загуби со 1-4, и верува во ново чудо, дека може убедливо да победи во Париз и да приреди нова сензација за која ќе се раскажува со години.

Но, овојпат нема да се игра на полниот „Камп Ноу“ во Барселона, туку на „Паркот на принцовите“ во Париз, и Барса повторно мора да даде четири гола, без да прими.

ПСЖ има силен и скап тим кој во последните години е доминатен во Франција, но амбицијата им е европска титула. Последниот пораз на ПСЖ на домашен терен со резултат 0-4, беше во февруари 2001 година, во куп меч против Оксер. Тогаш во составот на ПСЖ беше Маурисио Покетино, Аргентинецот кој сега е тренер на клубот. Покетино веројатно се сеќава на тој дебакл и ќе ги мотивира играчите да не дозволат таков срам кој би одекнал како бомба во фудбалскиот свет.

- Оглас -

Најнови вести