Последниот викенд од мај ќе биде како создаден за преродба на фудбалот

Фудбалот дефинитивно ќе живне во мај. Според најавите, сѐ поголем е бројот на земји кои се охрабрија и најавија дека ќе ги рестартираат прекинатите првенства и тоа до крајот на овој месец. Последниот викенд во мај е на 30 и 31-ви, а токму тогаш треба да стартуваат поголем број шампионати.

Германците се први кои треба да продолжат на 15 мај, а потврдено е дека до крајот на месецов ќе има фудбал и во Унгарија (23), Полска (29 мај), Португалија (30 мај). Токму тандемот македонски репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу ќе ја имаат честа да играат во еден од двата премиерни меча во камбекот на унгарскиот фудбал по пандемијата со корона-вирусот. 

До крајот на месецов треба да се рестартираат првенствата и во Швајцарија, Австрија, Словенија и уште неколку земји во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести