Последните 10 меѓусебни средби ги одиграа со 0-2 гола

Њукасл ја пречекува Астон вила во единствениот денешен меч од англиската Премиер лига. Домаќините се под поголем притисок дека мора да освојат бодови затоа што моментно се само на еден бод од зоната за испаѓање. Астон вила е сигурна на деветата позиција со мали шанси да се бори за излез во Европа, но уште помали дека може да испадне, па гостите ќе бидат без многу притисок вечерва.

На домашен терен Њукасл сезонава во 13 меча освои само 15 бода, додека тимот од Бирмингем на гости игра одлично и победил седум од 14-те средби. Тоа што е карактеристично за дуелите на овие два клуба е тоа дека ретко кога може да гледа добар фудбал со многу голови.

Традицијата вели дека на последните 10 средби на Астон вила и Њукасл никогаш немало повеќе од два погодоци. Дури ако се погледне уште поназад, во последните 16 дуели дури 13 пати било 0-2 гола, а само три пати едвај имало три погодоци.

Ако сте љубители на следење на традицијата, коефициенто за 0-2 гола вечерва на „Сент Џејмс парк“ во Sport Life е 1.62, а високи 2.30 е квотата дека ќе биде 3+.

ПОСЛЕДНИ 10 МЕЧА НА ЊУКАСЛ И АСТОН ВИЛА

Астон вила – Њукасл 2:0

Њукасл – Астон вила 1:1

Астон вила – Њукасл 2:0

Њукасл – Астон вила 2:0

Астон вила – Њукасл 1:1

Астон вила – Њукасл 0:0

Њукасл – Астон вила 1:1

Њукасл – Астон вила 1:0

Астон вила – Њукасл 0:0

Њукасл – Астон вила 1:0

 

- Оглас -

Најнови вести