Послушајте ја Атиџе и обложете се дека „Медена земја“ ќе освои Оскар

Македонската филмска уметност има историска шанса за првпат да се закити со највредната награда од оваа област и да биде освоена популарната статуетка на Оскар. Филмот „Медена земја“ (Honeyland) во недела вечер ќе биде дел од гламурозното шоу во САД, а ќе се бори за добивање Оскар во две категории. „Медена земја“ е номинирана во категоријата најдобар интернационален филм и во категоријата за најдобар документарен филм.

Низ историјата Македонија само еднаш, и тоа пред повеќе од две децении имаше свој претставник на „Оскар“. Тогаш филмот „Пред дождот“ не успеа да ја освои статуетката, а сега „Медена земја“ има две можности.

Главната протагонистка во филмот Атиџе Муратова веќе е вистинска ѕвезда и со нетрпение очекува да блесне на црвениот килим во Лос Анџелес. Атиџе во филмот открива дека една од нејзините главни филозофии на животот е да се поделат работите, па затоа сè попопуларна е нејзината реченица „Земи половина од медот, половина остави за пчелите“.

Токму со оваа филозофија Атиџе ќе патува и во Лос Анџелес. Во некои од многуте интервјуа изјави и очекувања кои ги даде во изминатиов период. Таа не заборави да спомене дека е оптимистка дека „Медена земја“ може да освои Оскар, но сепак повторно потсети дека работите треба да се делат. Атиџе е задоволна и со еден Оскар, а како што вели нејзиното мото, „пола за нив, пола за нас“, вториот Оскар би им го оставил на другите конкуренти.

Како се наближува и стартот на Оскарите, така некако и растат шансите на „Медена земја“ да освои Оскар. Во Sport Life обложувалниците имате одлична можност да заработите, ако, исто како Атиџе, верувате дека Македонија може да го освои првиот Оскар во историјата. За освојување Оскар во категоријата најдобар интернационален филм, коефициентот за „Медена земја“ е 20. Уште поголеми се шансите дека Атиџе и „Медена земја“ ќе стигнат до статуетката во категоријата најдобар документарен филм, каде што коефициентот за победа на македонскиот претставник е 6.

Освен прогнозите во категориите во кои се наоѓа „Медена земја“, може да типувате и во останатите категории и номинации на Оскар 2020.

 

- Оглас -

Најнови вести