Поставен неславен рекорд каков што не се памти во Серија А

Синиша Михајловиќ дефинитивно ќе биде еден од големите победници во Серија А за оваа сезона. Тренерот на Болоња на почетокот од првенството доби ужасни вести, дека боледува од леукемија. Иако се работеше за смртоносна болест, српскиот стратег не само што не се уплаши туку и реши да остане да биде главен тренер на екипата.

Со месеци одеше во болница на третмани, а неговата Болоња се бореше за опстанок. На крајот Болоња се спаси и може мирно да дише веќе некое време.

Сепак, тоа што е неповолно за Болоња е одбраната. На синоќешниот дуел против Фиорентина на гости, Болоња прими четири гола. По првото полувреме резултатот беше 0:0 и делуваше дека Болоња може да ја сочува својата мрежа, но не беше така.

Во вториот дел, гостинскиот голман Лукас Скорупски прими четири гола, што беше само најава за остварување на еден негативен рекорд. Болоња е првиот тим во историјата на Серија А што успеал да прими барем по еден гол на 32 средби по ред во шампионатот, што е неславно постигнување.

И покрај слабата одбрана (64 примени гола во 37 меча), Болоња не само што успеа да се спаси туку и со победа во последното коло може да стигне до Топ-10 на табелата.

Освен овој неславен рекорд, синоќа беше поставено и едно позитивно остварување.Чиро Имобиле, голгетерот на Лацио, стана првиот италијански фудбалер кој успеал да даде 35 гола во една сезона. Во последното коло Имобиле може да сруши уште еден рекорд и да биде апсолутен владетел во италијанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести