Поставен нов светски рекорд за најголем трансфер на една фудбалерка

Светскиот женски фудбал денеска го доби најскапиот трансфер во историјата. Колумбиската фудбалерка Мајра Рамирез која досега го носеше дресот на Леванте во Шпанија, потпиша за Челзи.

За овој трансфер, Челзи плати 450.000 евра, што е најскап трансфер во историјата на женскиот фудбал. Овој трансфер може да има и дополнителни 50.000 евра кои би биле исплатени преку разни бонуси. Рамирез веќе го одработи и првиот тренер со новиот клуб.

Со овој трансфер на Рамирез падна претходниот рекорд кога Киера Волш  во 2022 година направи трансфер од Манчестер сити во Барселона и тоа вреден 400.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести