Поставија секс-кукли на трибини и сега ќе треба да платат казна

Јужнокорејскиот тим Сеул ќе мора да плати 75.000 евра казна поради користење на секс-кукли на трибините за време на мечевите од домашното првенство. Поради пандемијата со корона-вирусот, и во Јужна Кореја на стадионите не смее да има публика, а од Сеул се решија на посебен метод, со ставање на секс-кукли на трибините.

Ваквиот потег ги налути поголем дел од гледачите кои средбата ја следеа преку ТВ-преносот, па целиот случај заврши на Дисциплинска постапка.

„Дисциплинсиот комитет одлучи да преземе дополнителни дисциплински санкции поради сериозниот инцидент направен со секс-куклите. Тоа е голема навреда за сите наши женски навивачи“, стои во соопштението на К-лигата.

Сеул е тим кој во 2016 година беше шампион на оваа земја, а поради инцидентот веднаш беше уплатено извинување, кое сепак не беше доволно за да се избегне паричната казна од 75.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести