Постигна гол на дебито за Шпанија, а сега може да заигра за друга репрезентација

Фудбалерот на Милан, Брахим Дијаз можно е да го смени репрезетативниот дрес. Играчот за врска кој е роден во Малага, првите фудбалски чекори ги започна во роднито град, а потоа замина во Манчестер сити. Во дресот на Граѓаните го имаше и дебито во сениорскиот фудбал, а во 2019 година потпиша за Реал Мадрид и заигра за Кралскиот клуб. Од 2020 година, Дијаз како позајмен играч е во Милан, каде веќе има одиграно над 100 средби и постигнато 15 голови.

Со добрите игри на клупски план, 23-годишниот Дијаз во 2021 година доби шанса и да дебитира за шпанската репрезентација. Во дебито на дуелот против Литванија, дијаз успеа да постигне и гол за Црвената фурија во победата од 4:0.

Сепак, тоа беше единствен дуел на кој Дијаз играше за Шпанија, а потоа како да остана заборавен. Според правилата на ФИФА, фудбалерот може да го смени репрезентативниот дрес, доколку нема одиграно три официјални средби.

Најавите се дека Дијаз веќе размислува да го облече дресот на мароко, земјата од каде потекнуваат неговите родители.

- Оглас -

Најнови вести