Постигна хет-трик, но потегот на мечот го направи кога усреќи еден млад навивач (Видео)

Стивен Бергхујс постигна хет-трик во убедливата победа на Феенорд против НАЦ Бреда, а освен головите, офанзивниот играч на тимот од Ротердам, најде уште еден оригинален начин да израдува еден млад навивач. Бергхујс беше заменет од игра во 55-тата минута, а додека го напушташе теренот, забележа еден интересен транспарент на трибините.

Млад навивач бараше Бергхујс да му го подари дресот со кој постигна три гола. Играчот на Феенорд го забележа тоа, ја прескокна оградата, го соблече дресот и му го подари на момчето кое едноставно делуваше пресреќно.

 

- Оглас -

Најнови вести