Постигна хет-трик со хет-трикови: Светот слушна за Халанд пред една година (видео)

Ерлинг Халанд моментално е еден најследените фудбалери од спортската јавност иако има само 19 години. Напаѓачот на Дортмунд го привлече вниманието на себе со настапите за австриски Салцбург во првиот дел од актуелната сезона, но сè почна пред точно една година на младинското Светско првенство.

Во триумфот на Норвешка од неверојатни 12-0 против Хондурас, Халанд реализира дури девет погодоци на мечот. Веќе броеше четири погодоци во првото полувреме, уште помалку милост имаше во продолжението. Со тие девет гола Халанд ја освои Златната копачка на Мундијалито, а воедно постави нов рекорд за постигнати погодоци на еден меч на светскиот фудбалски собир за играчи до 20 години.

- Оглас -

Најнови вести