Постигнат е најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата (Видео)

Саутхемптон на најбрз можен начин стигна до водство на гостувањето кај Ватфорд. Домаќините го имаа почетниот удар, но напаѓачот на гостите Шејн Лонг тргна агресивно и успеа да ја пресече топката, по што излезе сам пред голманот на домаќините и даде гол.

Од почетокот на средбата, до голот на Лонг поминаа само седум секунди и тоа е најбрзиот погодок во историјата на Премиер лигата. Претходно рекордот го држеше Ледли Кинг, кој на мечот против Братфорд во 2000 година даде гол за 10 секунди од почетокот на мечот.

https://youtu.be/_q41ulrPqnE

 

- Оглас -

Најнови вести