Постигнат најбизарниот гол во ракометот сезонава (Видео)

Во Европската лига на ЕХФ се одиграа мечевите од третото коло на ова второ по ранг ракометно натпреварување во Европа. Во еден од најнеизвесните дуели, Рајн-Некар со 36:35 ја победи Бенфика. Домашниот тим загуби, но Бенфика преку Мигуел Санчес-Мигаљон Нарањо го постигна најнеобичниот погодок сезонава.

Домашниот тим одигра одлична одбрана и тргна во контранапад преку Нарањо, кој шутираше силно, но топката заврши во пречката, а потоа се одби горе високо. Голманот Џоел Бирлех се чудеше каде заврши топката, која изненадувачки падна врз него и заврши во мрежата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести