Милан има голман што е велемајстор за прекин на проклетство и освојува титули по децениска пауза (Фото)

Мајк Мањан е магнет за шампионски титули во тимови што долго постат без пехар во своите првенства.

Голманот на Милан се радува со соиграчите на Скудетото во Италија, што Росонерите го освоија по цели 11 години пауза, а беше таличен и во Франција за Лил.

Во претходниот клуб беше дел од генерацијата на играчи на Лил што ја освоија титулата по пауза од 10 години.

Со Милан ја освои 19-та титула на клубот во Италија и сега Росонерите се израмнети со Интер на второто место на вечната листа со најтрофејни екипи, зад неприкосновениот Јувентус, кој има 36 шампионски круни.

Со Лил ја славеше шесттата клупска титула во Франција, во сезоната 2020/21, а потоа се пресели во Милан и веднаш пак стана шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести