Постоеше опасност дуелот Албанија – Англија да не се игра, но сега е сѐ решено

Албанија в недела ќе го пречека некогашниот светски првак Англија, во меч од второто коло во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Двете селекции победнички стартуваа и имаат по три бода, но Англија е голем фаворит на дуелот кој ќе се игра на модерниот стадион „Ер Албанија“ во Тирана.

На неполни три дена до мечот, се појавија најави дека дуелот во Тирана може да не се одигра, откако фудбалската федерација на Албанија добила писмо од локалната полиција во главниот град, дека нема да може да гарантира безбедност на фудбалерите на двете репрезентации, како би можел натпреварот без никакви препреки да се одигра.

Од фудбалската федерација на Албанија пред неколку дена побараа на мечот против Англија да биде дозволен влез на навивачи и да може да бидат исполнети 30 отсто од капацитетот на стадионот. Владата на Албанија го одбила ова барање, но сепак била добиена гаранција за безбедност на фудбалерите на двата тима, па мечот сепак ќе се одигра во предвидениот термин.

 

- Оглас -

Најнови вести