Локомотив го доби градското дерби против Спартак Москва со 2-0, а вториот гол беше дело на Фјодор Смолов, кој пред да погоди од слободен удар, на противничкиот играч Квинси Промес му порача: Гледај!
https://twitter.com/i/status/1381300197393842178
Смолов тргна кон топката и даде гол од слободен удар, а после мечот објасни за пораката до Холанѓанецот Промес.
„Промес ми рече дека нема да дадам гол, а јас се насмеав и му реков гледај. Решив да шутнам во аголот каде што беше голманот, знам дека тој очекуваше да го префрлам живиот ѕид“ – рече Смолов кој е во одлична форма, но не сакаше да каже дали е заинтересиран да игра на Европското првенство. За репрезентацијата нема играно две години.
https://www.youtube.com/watch?v=p4oKJgDI5IQ