Потпиша за руски клуб и се „збогува“ со настапот на Мундијалот во Катар

Фудбалската федерација на Полска го осуди потегот на Масиеј Рибус и неговиот ангажман во Спартак Москва. Искусниот лев бек е отстранет од полската репрезентација бидејќи се одлучил да остане во главниот град на Русија.

Рибус изминатите пет години играше за Локомотив Москва, па наместо да бара ангажман во друга земја, тој се реши да ги брани боите на Спартак.

Рибус денес го потпиша договорот со Спартак, по што веднаш го дочека соопштение од Полска во кое е потврдено дека повеќе нема да биде член на репрезентацијата.

Селекторот Чеслав Михњевич нема да смета на Рибус за септемврискиот циклус, а воедно нема да се најде на списокот играчи и за Светското првенство кое ќе се игра во Катар кон крајот на годинава.

- Оглас -

Најнови вести