Потребно е „знаење“ да утнете од ваква позиција (Видео)

На натпреварот помеѓу Плимут и Кру од англиската Лига 2 (четврта по ранг после Премиер, Чемпионшип и Лига 1), домашните среќно победија со 2-1, бидејќи клучен момент беше една неверојатна утка на гостинскиот играч Крис Портер.

Ако не се посрамотеше Портер, средбата можеби ќе завршеше 2-2, и неговиот тим ќе освоеше бод. На голот немаше голман, но Портер од десетина метри непречен од никого, утна цел гол, наместо само рутински да ја смести топката во мрежата. Оваа утка ќе ја памети цел живот, иако нема да сака да се присетува на моментов. Погледнете од што ќе се срами Портер до крајот на животот:

 

- Оглас -

Најнови вести