Потресен говор за убиениот „гробар“: Беше нежен џин, не го будете генералот, нека спие

Убиениот водач на навивачката група Гробари, Љубомир Марковиќ Кичо беше закопан на новите гробишта во главниот град на Србија, а на погребот присуствуваа околу 1.000 луѓе, меѓу кои и членови на ривалската навивачка група на Црвена ѕвезда.

Се појавија и челници на кошаркарскиот клуб Партизан, а говори одржаа некогашните тренери на Партизан, додека ковчегот го носеше и директорот за маркетинг на Ѕвезда. Навивачите палеа црн чадни бомби.

Се пееја песни, а се читаа и трогателни говори. За Кичо се зборуваше како за нежен џин кој премногу ги сакал сопругата и ќерката. Напишана е и песна за него, и тоа од човек кој воопшто и не го познавал лично.

„Не го будете генералот, уморен е, нека спие. Во рајското поле со лалиња, синото небо го прегрнува. Кога последниот воз ќе застане на небескиот перон горе, од јужната страна истите песни ќе се орат“, стои во дел од песната која беше прочитана.

- Оглас -

Најнови вести