Потресна сцена со среќен крај: Падна на теренот, но лекарите брзо реагираа (Видео)

Покрај сите убавини што ги нуди фудбалот, во најважната споредна работа на светот може да се случи и по некој немил настан, а таков беше тој во Кувајт.

На меч од младинската лига меѓу екипите на Ал Арабија и Ал Тадахмона, еден гостински фудбалер ненадејно падна на тревата и загуби свест. Веднаш реагираа лекарите, кои му дадоа прва помош и по некое време успеаја да го освестат.

Веднаш потоа фудбалерот беше пренесен во болница и според информациите, се наоѓа во стабилна состојба.

- Оглас -

Најнови вести