Aдис Јаховиќ ја потврди одличната сезона со 18-тиот погодок во турското првенство, со кој ѝ донесе нов триумф на Анталијаспор. Искусниот македонски голгетер погоди во втората минута од судиското надополнување во дуелот против Анкарагучу за конечни 1-0.
За Јаховиќ ова е шести гол во дресот на Анталија за оваа сезона, односно вкупно 18-ти бидејќи брои 11 од првиот дел од сезоната како член на Јени Малатијаспор. Јаховиќ има уште едно коло за да го подобри учинокот во веќе феноменалната сезона.