Од 14 до 28 јануари следната година очите на светската јавност ќе бидат насочени кон првиот гренслем-турнир во годината, Отвореното првенство на Австралија. Организаторите на турнирот и официјално го објавија списокот на учесници, на кој нема големи изненадувања.
Трофејот ќе го брани Новак Ѓоковиќ, а најголеми конкуренти кои ќе се обидат да го симнат од тронот ќе бидат Алкарас, Медведев, Руне, Циципас, Синер… На списокот со учесници се најде и шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој се враќа на тениските терени по една година пауза поради повреда.
Australian Open men’s entry list pic.twitter.com/TMUFvu3l7t
— Michal Samulski (@MichalSamulski) December 6, 2023
Тој го искористи правилото на АТП според кое, доколку тенисерот паузира најмалку шест месеци поради повреда, го задржува претходниот рејтинг и може да се најде директно на главниот турнир.
Ова правило го искористија и Марин Чилиќ, Милош Раониќ, Денис Шаповалов и Рајли Опелка, додека најдобриот млад светски тенисер Хамад Меџедовиќ ќе мора да игра квалификации.