Повеќе од 2 милиони луѓе се потпишаа на петицијата на Халанд да му биде забрането да игра во Премиер лигата!

Навивачи од Англија масовно се потпишуваат на петицијата со цел од Премиер лигата и британската Влада да се побара да му забрани на Ерлинг Халанд да игра во англиското првенство, затоа што не е човек, туку робот.

На Англичаните им е несфатливо како може еден фудбалер да биде толку доминантен во нивната лига. Ако норвешкиот „робот“ продолжи вака, уште во дебитантската сезона во Премиер лигата ќе урне неколку голгетерски рекорди, меѓу кои и оној по број на голови за поединец во една сезона.

За помалку од 24 часа, на петицијата се потпишале над 2 милиони луѓе кои сметаат дека Халанд го загрозува менталното здравје на многу луѓе секој викенд.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести