Најдобрата спортска обложувалница во Македонија, Sport Life, и оваа година продолжи една убава традиција, организираше Junior Day. Овој убав настан на едно место ги собира вработените и најмладите од повеќе компании кои се дел од групацијата.
Оваа година беше одлучено дружењето да биде во ресторанот „Потковица“ во Хиподром, а на крајот, кога повеќе од 700 вработени и деца си заминаа среќни, задоволни и полни со подароци, се потврди дека тоа беше вистински избор.

Junior Day традиционално се организира за децата на вработените, но дека Sport Life секогаш внимава и на оние од најранливите категории, потврди и овојпат, па на настанот присуствуваа и од Домот за деца без родители „11 Октомври“. Со овој потег Sport Life уште еднаш потврди дека е општествено одговорна компанија.
Настанот кој траеше цело попладне беше перфектно организиран. Најмладите имаа можност да бидат дел од неколку спортски активности, да се фотографираат со дел од омилените ликови од анимираните серии, да гледаат куклена престава, а најадреналински, секако, беше јавањето пони коњчиња и голем коњ за најхрабрите.

Освен најмладите, на настанот уживаа и возрасните. А како да не уживаат, кога настанот изобилуваше со многу дружење, смеа, убава забава, а неизбежни беа и вкусната храна и освежителните пијалоци.
Кулминацијата беше кога започна лотаријата, во која учествуваа сите деца. Секое дете го држеше своето бројче и со нетрпение чекаше да биде извлечен неговиот број за да си добие убав подарок.

Се доделија повеќе од 350 награди (многу фудбалски топки, баскети, пикада, тенис, друштвени игри, пушки на вода, скироли…). Најсреќните тројца стигнаа до највредните, а тоа беа: електричен тротинет, таблет и велосипед.

На крајот, Sport Life уште еднаш потврди дека не само што внимава на своите вработени, туку сака да ги направи и децата да бидат многу посреќни, барем на традиционалниот Junior day.


