Повеќе од 740 финалисти во трка за добивање „Пежо 308“

Жестока ќе биде битката за освојување на главната награда, автомобилот „Пежо 308“ кој ќе ја освои само најдобриот играч во пролетната етапа на Типстер купот организиран од Sport Life обложувалниците. Од утре започнува, па се до 30 јуни ќе трае големото финале. Повеќе од 740 финалисти ќе бидат во борба за добивање на автомобилот „Пежо 308“. Тоа се играчите кои успеаа во периодот од 1 февруари до 30 мај да обезбедат доволно поени и да се пласираат во финалето.

Во Типстер купот, сезонава веќе беше доделен еден автомобил. Тоа беше во есенскиот дел, чие финале заврши на 31 јануари. Во есенската фаза, најдобар на крајот беше Александар Трендафилов од Кочани. Тој сега заслужено вози автомобил „Пежо 308“.

Во изминатиов период, Sport Life обложувалниците уште еднаш потврдија дека секогаш прават интересни и вредни дополнителни игри за своите верни играчи. Неодамна заврши и промотивната акција „Лето на тркала“ во која подароци добија петмината најдобри. Најдобар и најсреќен беше Љубомир кој имаше погоден коефициент од  2.805,37 и тоа му донесе освојување на скутер, кој е наменет за најдобриот.

Како финиш на оваа сезона, следува финалето на пролетниот дел од Типстер купот, а најдобриот на крајот ќе ги добие клучевите од автомобилот „Пежо 308“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести