Повредата е минато: Кејн со сефте гол за 2020 го реши малото лондонско дерби (видео)

Тотенхем ја оствари првата победа по рестартирањето на сезоната и со сигурни 2-0 го доби малото градско дерби против Вест хем. Избраниците на Жозе Мурињо воедно прекинаа низа од шест меча без победа, ако се сметаат дуелите пред паузата поради пандемијата со корона-вирусот.

Триумфот посебно ќе му значи на Хари Кејн бидејќи англсикиот голгетер директно учествуваше во освојувањето на трите бода со кои се наметна во трката за петтото место во Премиер лигата.

Кејн по шест месеци пауза поради тешка повреда, успеа да се запише во листата на стрелците за првпат во 2020 година поставувајќи ги конечните 2-0. Претходно домаќините добија помош за водство од Сучек, кој си постигна автогол во 64-тата минута.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1275533693923147776

- Оглас -

Најнови вести