35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Повредата на Бонифејс му прави проблем на Чаби Алонсо

Германскиот првак Баер Леверкузен ќе биде ослабен во наредниот период, со оглед дека напаѓачот Виктор Бонифејс ќе пропушти неколку натпревари на својот клуб поради повреда на бутниот мускул.

Бонифејс се повреди додека играше за репрезентацијата на Нигерија во квалификациите за Африканскиот куп на нации.

„Ова е интензивен период и повредите се случуваат. Виктор има мала повреда на мускулот. Според тоа, тој ќе пропушти неколку натпревари, што е штета. Ќе видиме колку долго ќе трае опоравувањето“, изјави тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

Оваа сезона тој постигна седум голови на 14 натпревари за Баер Леверкузен, кој е четврти на табелата во Бундес-лигата со 17 бода, 12 помалку од првопласираниот Баерн Минхен, но со еден натпревар помалку.

Баер Леверкузен денеска на домашен терен го пречекува Хајденхајм во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести