Повредата на Салах не е сериозна

Салах вчера блескаше во дресот на Египет по убедливата победа над Есватини со 4-1. Египѓанецот постигна гол директно од корнер, убаво се забавуваше на теренот се до последните неколку минути од средбата, кога поради повреда мораше да биде заменет.

Иако се виде дека Салах има болки, сепак, асистентот на репрезентацијата, Хени Ремзи, истакна дека не се работи за посериозна повреда, а тоа ќе го потврдат и следните медицински прегледи.

„Првите прогнози од лекарскиот тим се дека Салах заработи повреда на мускулот на ногата. Замената беше да се избегне поголема штета, тој дополнително ќе оди на прегледи, но според мене, не се работи за посериозна повреда“, истакна Ремзи по мечот.

По репрезентативните обврски Салах ќе се врати во Ливерпул каде со своите „црвени“ треба да го одигра мечот против Хадерсфилд во рамките од Премиер лигата, но пред тоа, Египет ќе се сретне уште еднаш со селекцијата на Есватини, на 16-ти октомври, во квалификациите за Африканскиот куп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести