Младинските светски првенства секогаш знаеле да „извадат на површина“ фудбалери кои подоцна ќе блеснат на сениорско ниво. На Мундијалот кој се игра во Полска, во тек е второто коло од групната фаза. Денеска на програмата се четири меча од двете групи кои на стартот покажаа дека ќе бидат со многу голови.
По првото коло во Ц и Д групите, сите четири средби завршија со 3+, што е добра најава дека повторно може да се игра на погодоци. Дербито треба да биде меѓу САД и Нигерија. Американците се тие кои ќе бркаат триумф, па се очекува офанзивна игра. Нигерија покажа дека има опасен напад, па повторно може да очекуваме погодоци. Во вториот меч од оваа група, Украина само рутински треба да ја одработи задачата против Катар, а прашање ќе биде само со колку пати Катарците ќе ја вадат топката од својата мрежа.
Речиси без никакви дилеми е и тоа дека Уругвај ќе го победи Хондурас, во меч на кој може да има и 4-5 гола, доколку јужноамерикаците играат во ист ритам во текот на сите 90 минути. Многу понеизвесно треба да биде на средбата Норвешка – Нов Зеланд. Скандинавците ќе бркаат триумф, но Нов Зеланд покажа дека има квалитет, па тука може да се очекува погодоци од двете екипи.