Повторно проблем со коленото: Тримесечна пауза за Менди

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на мечот со Вест хем, на прес-конференцијата потврди дека нема да смета на услугите на Бенџамин Менди. Левиот бек на „граѓаните“ повторно има проблем со коленото. Минатата недела беше на операција, а за целосно закрепнување ќе му бидат потребни три месеци.

Менди ја пропушти речиси целата ланска сезона поради кинење на лигаментите на десното колено, а сега проблеми му прави менискусот на левото колено.

Французинот сезонава настапи на 12 средби за Сити, додека негов последен настап беше во градското дерби против Јунајтед, пред почетокот на последната репрезентативна пауза.

Поради ситна повреда, бернардо Силва исто така е вон конкуренција за утрешниот дуел против „чеканите“.

- Оглас -

Најнови вести