Позајмиците се зимски хит – Минамино, Ругани и Тодибо заминаа на привремена работа

Позајмиците од клуб во клуб со право на откуп на договорот веќе одреден период се тренд во светкиот фудбал, а се вистински хит во зимскиот преоден рок што завршува вечерва.

Најавено е дека Ливерпул ќе го испрати јапонскиот репрезентативец Такуми Минамино во Саутхемптон и вечерва до полноќ треба да се реализира позајмицата, со важност до крајот на сезоната.

Минамино дојде во Ливерпул од Салцбург, но малку играше за англискиот првак и ќе се обиде да се наметне во Саутхемптон.

Даниеле Ругани воопшто и не настапува за Јувентус, беше член на Рен во последните шест месеци, а сега се враќа во Серија А.

Калјари успеа да го ангажира, исто така како позајмен играч до крајот на сезоната и ќе уплати еден милион евра на контото на Старата дама. Интересно е што ако Калјари успее да избори опстанок во Серија А ќе мора да му плати компензација на Рен од 500 илјади евра.

Вечерва уште еден играч заминува во друг клуб како позајмен фудбалер. Барселона го испрати дефанзивецот Жан-Клер Тодибо на привремен престој во Ница.

За францускиот интернационалец ова ќе биде трета позајмица во последните две години. Како член на Барселона веќе им беше позајмуван на Шалке 04 и на Бенфика.

Ако Ница сака да го задржи Тодибо и по истекот на позајмицата со перманентен договор, ќе мора да ѝ плати на Барселона 8,5 милиони евра и да се обрвзе дека ќе ги прифати клаузулите од договорот со дополнителни 7 милиони евра како бонуси.

- Оглас -

Најнови вести