Позитивни вибрации во Јуве: Сари го водеше тренингот

Убави вести стигнаа од Италија, Маурицио Сари денес се појавил во тренинг-центарот на Јувентус, каде што го предводел тренингот на којшто присуствувале членовите на Старата дама кои немаат репрезентативни обврски.

Италијанскиот стратег уште од минатиот месец боледува од пневмонија и отсуствуваше од секакви обврски со Јувентус. Сари не го предводеше тимот во првите две кола во Серија А, иако беше најавено дека ќе седне на кормилото за дербито со Наполи. Во меѓувреме, неговиот асистент Џовани Мартусчело беше во улога на прв тренер.

Појавувањето на Сари на денешниот тренинг е добра вест за клубот и веројатно Италијанецот ќе се појави покрај аут-линијата во третото коло, во кое Јувентус ќе се соочи со Фиорентина.

 

- Оглас -

Најнови вести