Познат е новиот термин за дуелот Ајакс – Феенорд, клубовите не се согласуваат со ваквата одлука

Натпреварот од викенд-колото на холандското првенство помеѓу Ајакс и Феенорд беше прекинат во 55-тата минута при резултат 0-3 за гостите од Ротердам поради дивеењето на навивачите, кои не беа задоволни од резултатот, играта и залагањето на своите фудбалери.

Фудбалскиот сојуз на Холандија денес и официјално го соопшти терминот за доигрувањето на мечот, а терминот е среда, во 14 часот, но овојпат без присуство на гледачи.

Во среда планирано беше да се одигра заостанатиот натпревар помеѓу Ајакс и Волендам, па сега тој меч повторно е одложен, што предизвика незадоволство кај двете екипи.

Од Ајакс кусо коментираа „не се согласуваме со ова“, додека претставникот на Волендам рече дека не е фер. „Ајакс и Волендам не се согласуваат со оваа смешна одлука“.

- Оглас -

Најнови вести